| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.10.2017

Митровски: Спремен сум за квалификациите

Играчот на Спортинг Лисабон целосно е рехабилитиран од повредите и ќе биде дел од квалификацискиот турнир во ноември

Одлични вести за нас пристигнуваат од Португалија. Играчот на Спортинг Лисабон и македонски репрезентативец до 19. години Димитар Митровски навреме се рехабилитираше од повредите кои му се случија перидов и ќе биде подготвен да биде дел од квалификацискиот турнир кој ќе го играме во ноември.
„Точно. Со задоволство можам да потврдам дека и повредата на менискусот, и повредата на мускулот се минато. Напорно тренирав, навреме се вратив со екипата, добив минутажа и мислам дека сум целосно подготвен. Жалам што пропуштив доста во изминатиот период, што за клубот што са репрезентавијата но среќен сум што се добро се заврши и што ќе имам сега можност се да надополнам. Сигурно ќе бидам дел од квалификацискиот турнир во ноември и ќе настапам за македонската репрезентација„ - ни потврди Димитар Митровски.
Тој како што е познато е дел од португалскиот гигант извесно време, настапуваше и во Германија, а е дете на скопски Работнички.



Датум: 18.10.2017, 14:33
Статијата е прочитана 1577 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense