| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.04.2017

Да се биде или не за Шенсои

Пелистер има три порази во серија. Ако не следува триумф денеска во таборот на Пелистер ќе мора да има промени. Силекс не е тимот во моментов за да се прекине „црна“ серија, но што е тука е, ќе мора да се оди на полн плен и против кратовци

Екипа која победува не се менува. Екипа која губи пак мора да претрпи измени. Така оди тоа во фудбалот. Пелистер во моментов губи, а дали ќе продолжи да губи, ќе видиме денеска. Битолчани уште еднаш се домаќини во Охрид, во за нив, веројатно, клучниот меч сезонава. Денеска против Силекс играат за многу нешта. За прекинување на серијата порази, кои се три по ред, за враќање на сега веќе разнишана самодоверба, европските амбиции и, секако, судбината на тренерот Наџи Шенсои. Триумфира ли Пелистер денеска, Шенсои ќе може да смета на довербата и понатаму. Загубат ли битолчани, може сешто да се случува од утре натаму.

ТОШЕВСКИ: ЌЕ МИНЕ И ОВАА КРИЗА
Сениорскиот репрезентативец Кристијан Тошевски секако дека е  еден од оние кои најмногу се прашуваат за ситуацијава во моментов. Поразите болат, не се секојдневие во Пелистер сезонава и ситуацијата мора да се промени.
„На секоја екипа ѝ се случуваат вакви нешта. Ќе пробаме да се кренеме психолошки, играчки, резултатски. Уверен сум дека ќе биде така затоа што имаме квалитет. Веруваме во себе. Секако дека има мал притисок, загубивме три натпревари по ред, но не е така страшно. Знаеме да се носиме со ситуацијата, верувам во себе и во моите соиграчи, стручниот штаб“ - вели Кристијан Тошевски.

* Поопширно во денешното издание на „Македонски спорт“.



Датум: 05.04.2017, 11:42
Статијата е прочитана 2747 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense