| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

30.06.2017


(ФОТО) Бујамин Асани потпИша за УТА Арад

*Сега веќе екс играчот на Шкупи својата кариера ќе ја продолжи во Романија

Бујамин Асани ја напушти екипата на Шкупи и замина во редовите на романскиот второлигаш, УТА Арад. Асани потпиша две годишен договор со Романците и веќе беше презентиран како најново засилување. При презентацијата, 28-годишниот фудбалер е најавен како големо засилување за тимот во обидот да се избори промоција во Првата лига. Лани тимот беше блиску до такво нешто, но не успеа во баражот, откако ја заврши сезоната на третата позиција.
Во редовите на УТА Асани повторно ќе игра со својот поранешен соиграч од Шкупи, Мевлан Адили, кој замина во Романија во зимскиот преоден рок.

 

 

 



Датум: 30.06.2017, 13:59
Статијата е прочитана 1698 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense