| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.01.2017

Квалификациите ги почнуваме во Ерменија, а ги завршуваме во Гибралтар

Македонската репрезентација до 21 година првиот меч на домашен терен од новиот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2019 го игра на 6. октомври. Во Скопје гостува Србија.

Квалификациите за пласман на ЕП 2019 година ги започнуваме на 5. септември на гостински терен против Ерменија. Првиот домашен натпревар избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе го одиграат на 6. октомври против Србија, селекција која е наш ривал и на претстојното Европско првенство во Полска. Квалификациите ги затвараме на гостински терен во Гибралтарт.
Во групата 7 од квалификациите за ЕУРО 2019 покрај Ерменија и Србија нашата репрезентација ќе игра уште со репрезентациите на Русија, Австрија и Гибралтар.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2019
05. септември 2017: Ерменија – МАКЕДОНИЈА
06. октомври 2017: МАКЕДОНИЈА – Србија
10. октомври 2017: Гибралтар – МАКЕДОНИЈА
14. ноември 2017: МАКЕДОНИЈА – Австрија
23. март 2018: МАКЕДОНИЈА – Русија
27. март 2018: Австрија – МАКЕДОНИЈА
07. септември 2018: Србија – МАКЕДОНИЈА
11. септември 2018: МАКЕДОНИЈА – Ерменија
12. октомври 2018: Русија – МАКЕДОНИЈА
16. октомври 2018: МАКЕДОНИЈА – Гибралтар



Датум: 27.01.2017, 11:32
Статијата е прочитана 547 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense