| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.03.2017

Поповски во стручниот штаб на Мјанмар

Кондицискиот тренер Сашо Поповски својата кариера ќе ја продолжи во Мјанмар каде ќе биде дел од стручниот штаб на сениорската репрезентација на оваа земја

Поповски е вклучен во тимот на селекторот Герд Заице и во иднина ќе се обиде заедно со искусниот европски стратег да го подигне нивото на оваа селекција.
Фудбалот во оваа земја е во голема експанзија и во него се вложува значително многу. Поповски инаку претходно работеше во Бугарија, потоа Динамо Тбилиси а во Мјанмар замина од таборот на Брегалница. Не се задржа премногу во домашниот шампионат.
Сега на Сашо Поповски му претстои макотрпна работа за да ја оправда довербата. Во тој дел од Азија се упатуваат се повеќе фудбалски работници од секаков вид. Од фудбалери преку тренери па се до спортски директори и функционери.



Датум: 16.03.2017, 12:42
Статијата е прочитана 1482 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense