| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.02.2017

Мак фудбалот се буди од зимскиот „сон“

Во првото пролетно коло денеска најинтересно ќе биде во Скопје каде Вардар без гледачи ќе го пречека Шкупи, додека во Струмица се игра пелагониската пресметка

По пауза од нешто повеќе од два месеци викендов продолжува фудбалската „треска“ во Македонија. Имено, со мечевите од првото пролетно или вкупно 19. коло, стартува пролетниот дел сезоната 2016/2017. И одново вечната дилема. Вардар или Шкендија? Вечна барем во последните неколку години откако и двата клуба добија по неколку милионски буџети. Вардар во тој период секогаш е пред Шкендија и затоа се поставува прашањето дали, конечно, дојде времето тетовци да го возвратат ударот.

Во првото пролетно коло денеска најинтересно ќе биде во Скопје каде Вардар без гледачи ќе го пречека Шкупи, додека во Струмица се игра пелагониската пресметка помеѓу Пелистер и Победа.

Од другите натпревари, Шкендија важи за голем фаворит во пресметката со Силекс, но кратовскиот тим покажа на неколку мечеви низ есента дека може да им „загорчи“ на водечките. Брегалница мора да освојува бодови за опстанок против Ренова на домашен терен, додека на програмата е уште една скопска пресметка која ќе се игра во Ѓорче Петров помеѓу Македонија ЃП и Работнички.

ДВОЈКИ 19. КОЛО (ДЕНЕСКА 14 Ч.)

Вардар - Шкупи (Телеком Арена во Скопје)

Шкендија - Силекс (Градски стадион во Тетово)

Победа - Пелистер (Стадион: „Младост“ во Струмица)

Брегалница - Ренова (Градски стадион во Штип)

Македонија ЃП - Работнички (Стадион: „Ѓорче Петров“ во Скопје).

ТАБЕЛА:

1. Вардар 41

2. Шкендија 37

3. Пелистер 29

4. Работнички 28

5. Силекс 24

6. Ренова 23

7. Шкупи 16

8. Победа 15

9. Македонија ЃП 15

10. Брегалница 11



Датум: 19.02.2017, 10:38
Статијата е прочитана 1939 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense