| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.02.2017

Пелистер двапати водеше, Победа двапати израмнуваше

Дербито на Пелагонија заврши 2:2, „зелените“ двапати имаа водство, Победа на крај сепак дојде до бод. Првото израмнување во 22. минута за прилепчани беше од сомнителен пенал

Без победник со резултат од 2:2 заврши дербито на 19. коло. Победа и Пелистер во Струмицаа одиграа интересен натпревар во кој „битолчани“ доминираа и беа подобри, двапати водеа но на крај не победија. Победа од два удари успеа да постигне два гола. Пелистер поведе во 10. минута му донесе водство на Пелистер, но тоа траеше до 22. минута кога Гешоски од сомнителен пенал израмни на 1:1. Во 68. минута од пенал Илијоски му носи водство на Пелистер, тоа е неговиот деби гол во дресот на зелените. Но и тоа не им беше доволно на пелистерци за победа, две минути подоцна Крстески израмнува за конечни 2:2. Со ова реми Пелистер сега падна на четвртото место.



Датум: 19.02.2017, 16:01
Статијата е прочитана 2408 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense