| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

30.12.2017

МАРКОСКИ СЕ СЕЛИ ВО ПОРТИМОНЕНСЕ

Офанзивниот фудбалер на страничните позиции, е на добар пат да потпише со португалскиот тим

Некогашниот младински репрезентативец и сегашен член на „А“ селекцијата на нашата земја Кире Маркоски е пред трансфер, дознава „Македонски Спорт“. Според последните информации до кои дојдовме, многу блиску до неговите услуги е португалскиот прволигаш Портимоненсе. Овој тим кој што игра во најдобрата Лига на Португалија, наскоро ќе почне преговори за ангажман на офанзивниот фудбалер на Работнички.
Маркоски е еден од оние играчи кои што се под договор со „романтичарите“, и од тука двете страни ќе мора да ги договораат условите околу обесштетувањето.
Маркоски е еден од најдобрите играчи во нашето првенство, беше дел од младинската селекција која што годинава настапи на Европското првенство во Полска за играчи до 21 година, а на последниот натпревар со Норвешка беше повикан од селекторот Ангеловски и меѓу сениорите. И на неговото деби во дресот со државниот грб, успеа да се запише во листата на стрелците. Маркоски е втор на листата на стрелците во младинската репрезентација со шест постигнати голови, и заостанува само еден од најдобриот Самир Фазли.
Во минатото во тимот на Портимоненсе настапуваше екс фудбалерот Панче Георгиевски.



Датум: 30.12.2017, 15:10
Статијата е прочитана 2505 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense