| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.05.2017

Елмазовски: Во Битола се славеше два дена!


„Имав среќа да бидам член на Пелистер во 2001 година кога овој клуб го освои Купот а во 2011 да бидам во шампионскиот состав на Шкендија. И Пелистер и Шкендија засекогаш ќе бидат во моето срце. Мислам дека шансите пред денешното финале се 50-50%. Нека биде тоа навистина големо финале, нека победи подобриот“ вели Елмазовски, екс фудбалерот на Пелистер и Шкендија


Илир Елмазовски, роден битолчанец, ја имаше таа привилегија да игра за Пелистер и Шкендија и тоа кога овие два клуба освојуваа трофеи, кога беа на врвот на мак - фудбалот. Токму затоа тој може да говори за тоа што попладнево може да очекуваме на стадионот „Младост“ во Струмица, во Куп финалето на Македонија бр.25.
Нормално прашање, за кого ќе навива Елмазовски кога играат Пелистер и Шкендија?
„Јас сум од Битола, Пелистер е мојот матичен и најсакан клуб но и Пелистер и Шкендија засекогаш ќе бидат во моето срце. Таму во Тетово ги минав моите најубави моменти во фудбалската кариера. Нека победи фудбалот, нека биде тоа навистина големо финале и се разбира нека го освои пехарот екипата која ќе го заслужи тоа. Мислам дека шансите се 50-50%, на вакви мечеви ништо однапред не се знае, нема поправен и затоа очекувам спектакл“ вели Елмазовски.


Со Пелистер го освои Купот...
Тој многу добро се сеќава на таа 2001 година и финалето меѓу Пелистер и Слога Ј.
„Тоа беше специфичен натпревар, тогаш Слога Ј имаше навистина екстра квалитетен тим но и ние бевме силни. Митко Стојковски, Ванчо Мицевски, Димитар Капинковски, Драганчо Димитровски и др. Кога заврши финалето на нашата радост и немаше крај. Тие 2:1 за нас долго ќе се паметат. Големо славје, голема радост. Она што го доживеавме во Битола навистина не се заборава, да на претерам ама два дена траеше славјето во градот по повод освоениот пехар во Купот“.

... А со Шкендија првенството
Во Шкендија беше член од 2008 до 2012 година.
„Тоа беа години за кои сите во Шкендија говорат со гордост. Прво испаднавме во Втора лига токму од Пелистер во баражот во Струмица, па веднаш следната сезона не само што се вративме туку како повратници го освоивме првенството. Тоа засега е единствената титула, тогаш Шкендија беше силна, најдобра во Македонија. Хасани, Емини, Мустафи, Никитовиќ, Сали, Усеини и др. а тренер Ќатип Османи. Тогаш во просек не следеа по 8.000 гледачи во Тетово, а доаѓаа фановите и на гости. Игравме и во квалификациите во Лигата на Шампионите со Партизан. Од тој период носам само убави, прекрасни спомени. Такво другарство без разлика на националноста немаше никаде, освен во Шкендија“.



Датум: 17.05.2017, 11:35
Статијата е прочитана 6150 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense