| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.08.2017

Вардар замина за Копенхаген

Вардаровата експедиција утринава се упати кон Копенхаген, каде што утре ќе го игра реванш натпреварот од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите со истоимениот тим.

Вардарци попладне ќе пристигнат во главниот град на Данска, а вечер ќе го имаат и официјалниот тренинг на стадионот „Телиа Паркен“. Претходно „црвено-црните“ ќе одржат и прес-конференција, на која ќе ги искажат очекувањата од утрешниот натпревар.
Натпреварот Копенхаген - Вардар се игра во среда со почеток во 20 часот. После првиот натпревар, нашиот тим има предност од 1:0 стекната на натпреварот во Скопје одигран минатата недела.



Датум: 01.08.2017, 08:52
Статијата е прочитана 635 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense