| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.08.2017

Истанбул „јадел“ гиганти како Манчестер Јунајтед, Ајакс, Лацио...

На стадионот на Фенербахче „паѓале“ многу звучни имиња, но исто така и многу анонимуси го издрќале истанбулскиот „пекол“

Дека Вардар мора да биде внимателен, и покрај предноста од 2:0 пред реваншот со Фенербахче, кажува историјата. Таа вели дека во Истанбул паѓале многу звучни имиња. Така на пример во сезоната 2016/2017 на „Шукру Сарачоглу“ бил поразен тимот на Монако со 2:1, тим кој што подоцна ќе стигне до полуфиналето на ЛШ. Лани во групната фаза од ЛЕ го победиле Манчестер Јунајтед со 2:1, кој што ќе стигне до трофејот во ова натпреварување. Го совладале и Феенорд, претходно Ајакс, а таму „паѓале“ и Бенфика, Лацио, Брага, Локомотив Москва, Салцбург, дури и Челзи пред десет години.
Меѓутоа дека не е се така доминатно кажува фактот што на пример победа или „реми“ од овој стадион ваделе екипи како Штурм, Јанг Бојс, Молде, Твенте, Борусија Менхенгладбах... Исто така традицијата кажува дека Фенербахче нема пораз на последните осум средби на домашен терен во Лигата на Европа.

ТЕШКО СЕ ВРАЌААТ ПОСЛЕ ПОРАЗ

Фенербахче е во резултатска криза, и тоа е добро за Вардар. Противникот на „црвено-црните“ три меча не знае за победа, но тоа не може и не треба да ги залажува „Вардарци“. И покрај предноста, пред себе имаат тежок противник кој што има добри резултати и победи со „гиганти“ како Манчестер, Ајакс, Лацио на домашен терен. На „Шукру Сарачоглу“ Вардар ќе го чека „пекол“ и 50.000 запалени навивачи кои што громогласно ќе навиваат за својот тим во оваа пресметка.
Меѓутоа историјата кажува дека Фенербахче тешко се враќа од негатива. Особено од два разлика после која никогаш не успеал да ја анулира, а последен пат негатива успеал да стигне во далечната 1998 година. Откако во Шведска биле поразени од Гетеборг со 2:1, дома „едвај“ низ иглени уши и со 1:0 успеале да се протнат во следната фаза.



Датум: 22.08.2017, 11:32
Статијата е прочитана 2121 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense