| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.01.2017

Бобан Николов е нов играч на Видеотон!

Во следните неколку часа, играчот од средниот ред ќе биде официјално промовиран во унгарскиот тим

Бобан Николов заминува од Вардар и ќе го носи дресот на унгарски Видеотон. Трансферот е веќе готов, а ќе добие официјална потврда во следните неколку часа кога ќе се случи официјалната промоција на фудбалерот од средниот ред. Николов е еден од нашите најдобри играчи, а фудбалерите на Вардар го привлекоа вниманието кон себе со настапите во Лигата на Европа.

Иако имаше интерес и од други клубови, сепак, Николов се одлучи да ја прифати понудата на Унгарците која е најповолна. За него имаше интерес и од бугарски Лудогоец, како и од хрватски екипи.

Николов ќе биде вториот од тимот на Вардар кој што за само неколку месеци заминува во Унгарија. Во август минатата година „партнерот“ на Николов во средниот ред тогаш Стефан Спировски, направи трансфер во Ференцварош.

Дека трансферот е веќе готова работа, кажува фактот што Бобан Николов нема да патува со екипата на подготовките во Анталија. Експедицијата на „црвено-црните“ заминува утре во Турција, а Николов нема да биде со екипата, односно ќе биде веќе дел од Видеотон.

 



Датум: 15.01.2018, 08:58
Статијата е прочитана 3249 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense