| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

31.08.2017

Максимов три години во Вардар


Веќе е официјално. Рускиот интернационалец Максим Максимов потпиша три-годишен договор со нашиот клуб

Максимов доаѓа од литванскиот клуб Тракаи, за кој оваа сезона постигна седум гола во квалификациите на Лигата на Европа.
„Знам за Вардар дека е голем клуб и дека во последните години е редовен шампион на Македонија. Клубот секогаш оди на титула, на највисок пласман, а оваа година стигна и до најголемиот успех во историјата со пласманот во групната фаза од Лигата на шампионите. Од оваа сезона очекувам да ја одбраниме титулата во првенството, да освоиме што е можно повеќе бодови во групата во Лигата на Европа, зошто да не и да продолжиме понатаму во следната фаза“, истакна 21-годишниот  Максимов за офиицијалната страница на Вардар.
Максимов посакува да ја продолжи својата голгетерска форма и во новиот клуб и да постигне што е можно повеќе голови.
„Ова за мене е нов предизвик, поинаков од досегашните. Вардар е добра можност да ги покажам моите квалитети, да ги покажам моите амбиции. Се надевам дека ќе ја продолжам мојата форма и дека ќе продолжам да давам голови и во дресот на Вардар, кои ќе му донесат успех на тимот. Верувам дека брзо ќе се адаптирам во новата средина. Знам дека има неколку фудбалери во екипата кои што зборуваат руски јазик, и верувам дека ќе ми помогнат за да се прилагодам во новиот клуб, а јас на секој тренинг и на секој натпревар ќе давам максимум за да ја оправдам довербата“, рече Максимов.



Датум: 31.08.2017, 11:26
Статијата е прочитана 858 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense