| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.09.2017

Вардаре... нема шега со елитата

Успехот со пласманот во групната фаза е огромен. Но од Вардар се очекува и на овие мечеви да покаже она што го красеше со Малме, Копенхаген на првиот меч, посебно со Фенербахче

Да, точно. Вардаре нема шега со елитата. Овие 0:5 болат, печат, но овие 0:5 нека бидат сфатени и како лекција за сите. За играчите, за стручниот штаб но и за навивачите кои потфрлија во целост. Чекавме 23 години за ваков меч за да на Арената има само 14.000 гледачи. Навистина СРАМОТА.
Успехот со пласманот во групната фаза од Лигата на Европа е огромен, историски и за паметење. Но од Вардар, кога веќе е тука, во елитата, се очекува и на овие мечеви да покаже дека заслужил да биде тука, во елитата. Да покаже она што го красеше со Малме, на првиот меч со Копенхаген, посебно со Фенербахче.
Секако дека сега не е време за критики, далеку од тоа. Можеби првите кучиња навистина се фрлаат во Вардар, но сепак време е да се каже дека овој Вардар, овој вечерва што играше со Зенит е послаб од оној Вардар од минатите мечеви. Недостигаат Спировски и Балотели. Двајцата направија трансфери а не се донесени адекватни замени за да може Вардар да биде тој што заслужува да биде на дуелите во „Л“ групата од Лигата на Европа против тимови како Зенит, Сосиедад и Розенборг.

 



Датум: 14.09.2017, 23:39
Статијата е прочитана 593 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense