| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.01.2017

Челиковиќ за „поцврста“ Шкендија

Се остварија најавите на „Македонски спорт“, откако Шкендија потврди дека хрватскиот дефанзивец Иван Челиковиќ е новото засилување на тимот

Ова е несомнено најголемото засилување на тетовци во зимскиот преоден рок, и Челиковиќ ќе треба да ја зацврсти одбраната на „црвено-црните“. 27-годишниот фудбалер доаѓа во Македонија од тимот на Интер Запрешиќ.
„Првите впечатоци се навистина добри и добив добар пречек од сите, вклучувајќи го тренерот. Доаѓам во Шкендија да ја освоиме титулата и знам дека навивачите се најсилниот адут на тимот. Тоа мотивира многу“, изјави Челиковиќ.



Датум: 21.01.2017, 09:21
Статијата е прочитана 3262 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense