| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.09.2017


Милевски со списокот и со нов двегодишен договор

*„Србија е фаворит во нашата група, овој меч треба максимално да се сфати“ истакна селекторот на У-21 кој напомена дека потпишал нов двегодишен договор со ФФМ

Со Елмас, со Ѓоргев и со најсилното што го имаме во моментов. Тоа се тие играчи кои Благоја Милевски ги повика за претстојниот квалификациски меч со Србија за ЕО во 2019 година. Нови имиња на списокот има, и тоа две, тоа се голманот Душан Ѓорѓев од тимот на Оклахома (САД) и Лиридон Иљази (Ренова).
„Србија е голем фаворит во оваа наша група, имаат голем број репрезентативци кои играат во клубови во најдобрите лиги во Европа. Ние ќе уживаме во овој дуел, секако дека треба максимално сериозно да се свати натпреварот кој го играме дома во Скопје на 6 октомври“ истакна Благоја Милевски.
Инаку тој напомена дека потпишал нов двегодишен договор со ФФМ, тоа значи дека успешниот селектор на нашите надежи и натаму ќе седи на клупата на репрезентацијата на Македонија за играчи до 21 година.



Датум: 27.09.2017, 12:21
Статијата е прочитана 958 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense