| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.06.2017

Не може во Јагодина, Вардар ќе мора во Струмица


Отпаѓа варијантата да се игра на терен во друга држава, па така останува само Струмица како варијанта


Вардар поднел барање до УЕФА својот натпревар во рамките од 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите да го игра во Јагодина. Тоа беше можност за српскиот град во кој пред неколку години се одигра квалификацискиот меч Србија - Македонија, да биде домаќин на меч од Лигата на шампионите за прв пат во историјата. Меѓутоа УЕФА не дозволува да се игра во друга држава и оттука играњето во овој град отпаѓа.
Со тоа, веројатно, пропадна и последната надеж да се игра натпреварот во друг град, освен во Струмица, со што стадионот „Младост“  дефинитивно ќе биде местото на одигрување.

МАЛМЕ ГО ПОДДРЖА БАРАЊЕТО

И тимот на Малме го поддржа барањето на Вардар за играње во друг град и во друга држава. Швеѓаните дадоа согласност дека прифаќаат такво решение, меѓутоа последниот збор дојде од УЕФА, која нареди по секоја цена да се игра во Македонија. Оттука пропаѓа и последната можност мечот да биде одигран во Јагодина. Во минатото се споменуваа и Софија, Ниш и Белград како варијанти, меѓутоа сега е јасно дека ќе нема менување на местото.

ШВЕЃАНИТЕ ВЕЌЕ КАПАРИСАЛЕ ХОТЕЛ ВО СТРУМИЦА

Откако и дефинитивно се знае дека реваншот ќе се игра во Струмица, раководството на Малме капарисало еден од хотелите во тој град. Таму, екипата на шведскиот шампион ќе биде во карантин за вториот меч со Вардар.



Датум: 24.06.2017, 12:17
Статијата е прочитана 7463 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense