| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

07.08.2017

Елмас дебитираше за Фенербахче

Младиот македонски фудбалер го имаше својот прв настап за гигантот од Истанбул

Елиф Елмас денеска за прв пат играше во дресот на Фенербахче. Тој одигра на домашен терен на пријателскиот натпревар против Каљари, кој што турскиот тим го доби со 1:0. Стрелец на голот беше Валбуена.

Елмас влезе од клупата во вториот дел од натпреварот, и одигра едно полувреме. Беше бурно поздравен од публиката.

Елмас пред десетина дена го официјализираше трансферот во Фенер. Според најавите, турскиот клуб сериозно смета на неговите услуги во иднина.

Тој е младински репрезентативец, како и член на сениорската селекција за која дебитираше против Шпанија во месец јуни.

 



Датум: 07.08.2017, 22:30
Статијата е прочитана 2163 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense