| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

07.02.2017

Нестор по „лов“ на Пандев

Тој за нешто повеќе од полусезона во Серија А го израмни скорот на Горан Пандев од 2008/09 со тие девет погодоци. Сега цел на Нестор - гол се тие 11 голови на Пандев во сезоните 2005/06 и 2006/07 како и оние 14 од сезоната 2007/08

Илија Несторовски и дефинитивно е прва фаца во Палермо, во прволигапот во Серија А. Завчера на мечот со Кротоне во рамките на 23 коло тој беше стрелец на победничкиот гол за 1:0, погодок вреден три големи бода. Реално опстанокот е далеку, но ако Несторовски продолжи да ги „кине“ мрежите на противничките  екипи ни тоа не е неостварливо.
Нестор - гол минатото лето дојде на Сицилија со епитетиот прв стрелец во шампионатот на Хрватска, но ретко кој можеше да претпостави дека за само неколку месеци ќе биде играчот за кој ќе се говори не само во Италија. На сите 23 меча има минутажа а притоан постигна девет голови. Со тоа тој го стигна Горан Пандев кога овој беше член на Лацио во сезоната 2008/09 и постигна девет голови. Сега целта на Илија се тие 11 голови. Сега цел на Нестор - гол се тие 11 голови на Пандев во сезоните 2005/06 и 2006/07 како и оние 14 од сезоната 2007/08. Има до крајот уште 16 натпревари во Серија А, доволно дуели за да го мине својот репрезентативен капитен и соиграч во нападот кога во дресот на нашата најдобра селекција. Кога сме кај Пандев да кажеме дека тој вкупно во Италија има постигнато 77 голови, ако тука ги сметаме оние кога играше за Специја и Анкона. Додека како играч на Лацио, Интер и Наполи има 72 голови. Сега засега тие бројки се далечни за Илија но не и онаа фамозна „14“ во една сезона.

* Прочитајте повеќе во денешното издание на „Македонски спорт“.



Датум: 07.02.2017, 09:56
Статијата е прочитана 2815 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense