| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.05.2017

ДОМИНИРА ВО ШВАЈЦАРИЈА: Алиоски во конкуренција за играч на месецот

Благодарение на одличните партии во април, нашиот репрезентативец се најде во потесниот избор за играч на месецот во Швајцарија, а добрите настапи ги продолжи и во првата седмица од мај

Езџијан Алиоски дефинитивно ќе биде најголемата трансфер мета во Швајцарија претстојното лето. Репрезентативецот на Македонија игра во одлична форма за Лугано и го привлекува интересот на многу поголеми колективи од Европа. Како доказ за тоа е и влегувањето во потесниот круг во изборот за најдобар фудбалер во април во Суперлигата.
Покрај ова убаво признание, Алиоски повторно постигна гол за својот тим и во првото коло од мај, а овој пат „жртвата“ беше неприкосновениот Базел. Како награда за сето тоа, повторно, се најде во идеалниот тим од 31. коло во оваа лига.



Датум: 09.05.2017, 11:15
Статијата е прочитана 916 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense