| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.05.2017

Мандариќ со понуда до Ибраими

Тимот на Олимпија би можел да биде следната дестинација за Агим Ибраими. Во моментов македонскиот фудбалер е без ангажман после раскинот на договорот со Астана.

Во интервју за словенечкиот „Сиол“, Ибраими призна дека имал директни разговори со Милан кому му понудил да игра за Олимпија. Но...
„Разговарав лично со Мандариќ. Тој ми се јави, ми понуди да бидам дел од Олимпија. Јас му се заблагодарив на понудата и му реков дека ќе размислам. Добро е кога има такви луѓе да инвестираат во фудбалот. После Астана ќе ми треба уште малку одмор и уште малку да размислам. Но, не сум фудбалер на Олимпија. Многу е рано да зборувам за таа тема. Ќе видиме. Имам и други понуди, и кога ќе дојде време ќе размислам“, изјави Ибраими за „Сиол“.
Милан Мандариќ пред неколку месеци демантираше дека е заинтересиран за Ибраими, но после неколку месеци го посакува Македонецот во обидот да се врати на шампионските стази со оглед дека оваа година веројатно титулата ќе отиде кај Марибор.



Датум: 01.05.2017, 16:08
Статијата е прочитана 3831 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense