| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.12.2017

Јаховиќ меѓу најдобрите стрелци, Гезтепе без чудо во Истанбул

Голот на Јаховиќ беше 14-ти оваа есен во Турицја, со што го стигна Бафатеми Гомис на врвот на листата на стрелците кое го дели и со Јилмаз од Трабзонспор

Адис Јаховиќ заврши како еден од трите водечки стрелци во турскиот шампионат во есенскиот дел од сезоната. Попладнево на стадионот „Телеком Арена“ во Истанбул против Галатасарај, Македонецот постигна гол од пенал, со што стигна до бројката 14, која што зад своето име ја имаат уште и Бафатеми Гомис од Галата, кој денеска не постигна гол, како и Бурак Јилмаз од Трабзонспор.

Сепак, неговиот гол не донесе чудо за Гезтепе во Истанбул. Иако водеа, веднаш Галата израмни, за да во вториот дел го круниса со уште два гола во конечниот триумф од 3:1. Јаховќ во второто полувреме немаше ниту една шанса да го совлада Муслера, и да се искачи на врвот на листата на стрелците, односно да им избега по еден гол.

Јаховиќ имаше одлична полусезона зад себе која што може да му донесе трансфер во јануарскиот преоден рок. Сериозно се споменува преселба токму во редовите на денешниот негов ривал Галатасарај. Сега во Турција има пауза, и останува да се види што ќе се случува со најдобриот стрелец во Турција.



Датум: 24.12.2017, 19:27
Статијата е прочитана 859 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense