| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.06.2017

Емотивна средба меѓу старите пријатели, Емилио и Кире (ФОТО)

Бутрагењо истакна дека Дојчиновски му бил тренер и тоа биле прекрасни години и за двајцата

По цели 20 години, она што го најавивме пред неколку часови, имаше емотивна средба меѓу Кирил Дојчиновски, кој беше специјален гостин на пресот и Емилио Бутрагењо. И двајцата срдечно се поздравија, онака како што им личи на двајца стари пријатели кои одамна се немаат видено.
Шпанецот истакна дека тој го почитува Дојчиновски и како човек и како тренер. И дека периодот кој го минале заедно во Мексико за него секогаш ќе остане во долго сеќавање. Секако дека и Саха не пропушти да се поздрави со нашиот Дојчиновски.

 



Датум: 13.06.2017, 18:40
Статијата е прочитана 2629 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense