| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.04.2017

ШКЕНДИЈА РЕАГИРА: ФФМ има двојни аршини

„Веруваме дека дисциплинската комисија на ФФМ не ги користи истите стандарди за некои слични инциденти од претходно “ стои во дел од соопштението на тетовскиот тим

Дисциплинската комисија на ФФМ одреди казна од шест натпревари за Шкендија на домашен терен без навивачи и плус дополнителна финансиска казна од 1.200 евра. Како што е познато, тетовскиот тим беше казнет за инцидентот со Вардар, кога навивачи влетаа на теренот.
Очекувано, Тетовци реагираа на ваквата одлука, а истата ви ја пренесуваме во целост.

„Свесни за неизвесната ситуација и оправданоста за дисциплинската постапка, ФК Шкендија изрази огорченост од ексцесите кои се случија на мечот од купот против Вардар. Но,  казнените мерки не се пропорционални, односно се престроги. Не е јасна одлуката на дисциплинската комисија на ФФМ да му забранат на градот кој живее за клубот да дојде на стадион поради неконтролирано однесување на неколку поединци.
Ние веруваме дека не се користат истите стандарди за слични инциденти кои се случиле од претходно од различни клубови. Поточно, кога ФК Вардар беше домаќин а врз нашето раководство имаше физички напад.
Ние се противиме на оваа одлука, а истата ќе ја докажеме преку правната страна, надевајќи се дека комисијата на ФФМ ќе го разгледа случајот и дека ќе ја намали казната, пропорционално со степенот на инцидентот. Во исто време се надеваме дека овој инцидент ќе биде поука за мал број на неодговорни луѓе, бидејќи не е во ред со такви одлуки и со земање на правото во свои раце да им се скрати можноста на сите останати фанови да не можат да го следат својот тим. Се надеваме дека во иднина нема да се повторат вакви случаи и дека навивачите од трибините ќе одразуваат со зрелост и дека ќе го поддржуваат тимот според правилата за однесување на спортски натпревари“ стои во сопштеносто на ФК Шкендија.

 



Датум: 25.04.2017, 23:24
Статијата е прочитана 3585 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense