| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.07.2017

Елмас и официјално му кажа „ДА“ на Фенер

Она што го најави „Македонски спорт“ како ексклузива уште пред три дена, вечерва се остварува. Фенер и Елмас ги договорија деталите, нашиот дијамант моментално е на пат кон Истанбул па така во секој момент треба да се официјализира потписот

Фенербахче, секако со помош на Перо Антиќ ги претрка сите и офцијално го грабна Елиф Елмас. Значи она што го најави „Македонски спорт“ и тоа како светска ексклузива, вечерва се остварува.  Нашиот дијамант вечерва во 21 часот отпатува за Истанбул каде утре прво ќе ги мине лекарските прегледи а потоа следува и потписот. Инаку договорено е нашиот дијамант во следните 5 години да го носи дресот на гигантот од Истанбул.
„Можеме да кажеме дека се е готово. Елмас е веќе фудбалер на големиот Фенербахче. Станува збор за голем, огромен милионски трансфер. Условите се фантастични и Елмас во Фенер ќе има шанси и тоа како да напредува“ ни изјави лицето кое беше задолжено за трансферот на Елмас во Истанбул.
Дека се е готово, пред да летне за Истанбул, мега талентот на мак- фудбалот на Твитер потврди дека се договорил со Фенербахче.
Е па тоа е, Манчестер сити, Борусија Дормунд, Бенфика, Галатасарај и другите великани ја изгубија битката со Фенербахче. А нам ни останува задоволството дека „Македонски спорт“ прв дозна кој е новиот клуб на фудбалскиот дијамант. По успешно завршената мисија сега и Перо Антиќ може да се врати во Фенербахче. Секако дека ова е мала шега.



Датум: 16.07.2017, 21:59
Статијата е прочитана 5686 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense