| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

12.06.2017

Колумбиецот Алварез во нападот на Вардар

Освал Алварез, довчерашниот член на Андерлехт, ќе биде засилување за македонскиот шампион за настапите во Лигата на шампионите

Македонскиот шампион Вардар има сериозна намера да ангажира голгетер во овој преоден рок. Се споменуваат неколку имиња, а најново на таа листа е колумбискиот фудбалер Освал Алварез. Можеби, за овие простори непознат, меѓутоа тој доаѓа од Андрерлехт, од една од најдобрите фудбалски школи во Европа од кои потекнале Лукаку, Тилеманс, Ачеампонг... за кои се „тепаат“ сите фудбалски гиганти.
Алварез е 22-годишен играч од Колумбија, кој по минувањето на младинските категории во својата родна земја, се пресели во Белгија, потпишувајќи четиригодишен договор со Андерлехт. Тој доаѓа во Вардар како слободен агент.
ЧЕТИРИ ГОДИНИ ДЕЛ ОД АНДЕРЛЕХТ
Од 2013 до 2017 година, Алварез е дел од Андерлехт, една од најдобрите школи. Сезонава настапи на пет меча во Првата лига во Белгија и даде еден гол. Одигра вкупно 125 минути во првиот тим на Андерлехт, во штотуку завршената сезона. Меѓутоа белгискиот гигант му порача дека може да си бара нова средина. Така, тој, како слободен агент, ќе дојде во „црвено-црните“, со можност да потпише договор и да биде дел од Вардар во настапите од Лигата на шампионите ова лето, со противник што ќе го дознае на 19 јуни.

ОСВАЛ АНДРЕС АЛВАРЕЗ САЛАЗАР
Роден: 11.6.1995 во Маикао, Колумбија.
Висина: 1.76 м.
Позиција: напаѓач, крилен напаѓач.
Кариера: Академија (Колумбија), Андерлехт (Белгија).
Вредност според трансфермаркт: 150.000 евра.



Датум: 12.06.2017, 14:59
Статијата е прочитана 7143 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense