| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.02.2017

Факти и бројки пред утрешното мега - дерби Вардар – Шкендија

На досега одиграните 42 меча скопските „црвено – црни“ имаат 20 победи, осум пати било нерешено а Шкендија има 12 триумфи. Гол разликата е 57:37 за Вардар


Утре не само што е Прочка, туку утре е денот кога меѓу себе силите по 43. пат ќе ги одмерат Вардар и Шкендија, моментално нашите најголеми, најбогати клубови.
Традицијата вели дека Вардар има подобар биланс. Шампионот на досега одиграните 42 меча има 20 победи, осум пати било нерешено а Шкендија има 12 триумфи. Гол разликата е 57:37 во корист на Вардар.
Во пресрет на утрешното мега – дерби кое се игра на „Телеком Арената“ во Скопје, „Македонски спорт“ потенцира одредени факти и повторува на некои бројки.
-Ова ќе биде први дерби за Томас Брдариќ, додека за стратегот на Вардар Гоце Седлоски вкупно деветто. Тој има четири победи, а има две ремија и два порази
-Вардар е во серија од шест меча без пораз на дербито, кога станува збор за првенствени мечеви. Последен пат Шкендија победија на 12 мај 2015 во Кичево со 1:0
-Хасани и Ибраими, од како се заедно во нападот на тетовци, значи од јули 2015 годин,а му немаат дадено гол на Вардар
-Александар Ставрев, нашиот најдобар судија по трет пат во серија ќе ја дели правдата
-Вардар е во серија од 49 првенствени мечеви без пораз на свој терен. Шкендија е таа која последен пат го победила Вардар и тоа во март 2014 година
-Ќе има доста дебитанти во двете екипи. Кај Вардар ќе игра Бесир Демири, довчера еден од главните играчи на Шкендија кој во зимскиот преоден рок се пресели во редовите на шампионот, тука е и Барсегјан, Џигаури. Додека за Шкендија ќе настапат новаците Меџедовиќ, Чолак, Челиковиќ и секако Абдурахими
*Повеќе читајте во печатеното издание на „Македонски спорт“

 



Датум: 25.02.2017, 17:46
Статијата е прочитана 1776 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense