| контакт | маркетинг
ТЕНИС

24.07.2017

Ѓоковиќ го пропушта УС Опен

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе го пропушти УС опен поради повреда, а покрај тоа веројатно нема да игра и во полуфиналето на Дејвис купот со Франција во септември

Освен што нема да настапи на УС Опен и Дејвис купот, постојат големи шанси Ноле да паузира до крајот на сезоната, затоа што мора да оди на терапија за да ја санира повредата на раката.
Лекарот на српската тениска репрезентација Зденко Милинковиќ изјави дека Ѓоковиќ ќе мора да мирува меѓу шест и 12 недели, а потоа ќе оди на уште еден преглед за да се утврди дали има подобрување или ќе се менува терапијата.
„На следниот преглед ќе се знае дали проценката останува или се менува. Во тој период нема да смее да тренира со рекетот, но ќе смее да работи на останатите сегменти како кондиција и слично. Секако, ќе има и одредени терапии“, изјави Милинковиќ.
Според него Новак речиси 99% ќе го пропушти Гренд слем турнирот во Њујорк, а големи се шансите да паузира до крајот на сезоната.

„Новак има коскена модринка поради претераното играње. Не паузираше доволно. Но Новак е таков, тој ќе стисне заби и игра и покрај тоа што се повреден“, додава Милинковиќ.
Повредата му правеше проблеми на Ѓоковиќ и на Вимблдон, а на почетокот на вториот сет мораше да го предаде четвртфиналниот меч против Томаш Бердих.



Датум: 24.07.2017, 12:24
Статијата е прочитана 2537 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense