| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.12.2017

Шкендија тргнува по Муарем

Муарем Муарем е желбата на Шкендија. Со оглед дека Муки е слободен играч, нема да има проблем за да се реализира трансферот

Шкендија има намера во зимскиот преоден рок осетно да се засили, барем по еден играч во секоја линија од тимот. Во средниот ред пикот е, така барем велат нашите информации, Муарем Муарем. Довчерашниот фудбалер на Актобе од Казахстан. Како што е познато, откако одигра одлична полусезона во тој тим и заедно со Душан Савиќ го спаси од испаѓање, Муарем си замина. Тоа значи дека Шкендија не би требало да има проблеми со евентуална отштета. Нема што, во таборот на тетовци знаат дека пролетниот дел ќе биде напорен и мора да имаат добар, одличен тим. Секако дека тоа може да биде подготовка и за настапот налето во квалификациите во ЛШ, но претходно треба да се освои титулата.

И Фљамуртари е во игра...

Инаку, Муарем Муарем, ако успее да се договори со Шкендија, ќе се врати во Македонија по пет-шест години, откако во сезоната 2011-2012 играше за Работнички. Во меѓувреме, тој беше член на Карабах во два наврати, Ексишехир и, како што рековме, Актобе. Има и седум настапи во дресот на нашата најдобра репрезентација. Сепак, има еден мал проблем. Имено, за неговите услуги силно е заинтересиран и Фљамуртари, еден од најдобрите клубови во Албанија. Тамошните медиуми веќе пишуваа дека имало почетни разговори меѓу Муарем и Фљамуртари.

 



Датум: 01.12.2017, 10:32
Статијата е прочитана 2419 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense