| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

06.12.2017

„Надежите“ против Ирска, Полска и Грузија

И репрезентацијата на Македонија до 17 години ги доби противниците за во елитната фаза

По онаа до 19. години и нашата репрезентација до 17. години ги доби противниците за елитната фаза од квалификациите. Избраниците на Горан Станиќ ќе се сретнат во оваа фаза од квалификациите против Република Ирска, Полска и Грузија.
Во оваа возрасна категорија, важно е да се напомене дека од оваа елитна квалифиакциска група на европското првенство во Англија заминуваат по две селекции од секоја група. На ЕП ќе заиграат 16 репрезентации, што значи дека ќе се квалификуваат осумте првопласирани селекции од групите плус седумте најдобро второпласирани. На овие селекции секако ќе им се приклучи  домаќинот Англија.

Да додадеме дека утринава репрезентацијата до 17 години ги доби и ривалите за следните квалификации за ЕП 2018/2019. Нашите надежи се паднаа во групата 4 а за ривали ги има селекциите на Шпанија, Израел и Ф. Острови.

 



Датум: 06.12.2017, 12:01
Статијата е прочитана 333 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense