| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.02.2017

Ибраими се „ослободува“ од Астана!?


Нашиот репрезентативец моментално води интензивни преговори со раководството на казахстанскиот клуб.

 

Агим Ибраими би можел во наредните десет дена да се „ослободи“ од Астана. Како што велат нашите информации, напаѓачот моментално е во Астана каде што е на преговори со раководството на шампионот на Казахстан, со кого нашиот репрезентативец има важечки договор. Познато е што се случуваше во последните неколку недели на релација Астана - Ибраими, па така сега и двете страни прават напори за да дојде до договор, односно раскин на договорот. Раскин со кој и двете страни би биле задоволни. Тоа значи дека ако Агим се ослободи тогаш ќе може да потпише во било кој клуб како слободен играч.



Датум: 08.02.2017, 13:41
Статијата е прочитана 1943 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense