| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.04.2017

По шеснаесет години по нов трофеј

Битолчани остварија голема, огромна победа. Не поради играта, туку поради фактот што се финалисти, што ќе имаат можност да освојат нов трофеј, и конечно затоа што заврши нвната црна серија пролетва

Се врати конечно Пелистер дома, и им се врати на победите. Им се врати на головите, на играта и на остварувањето резултати кои се бараат од битолскиот фудбалски гигант. Остварен е пласман во финалето од купот, совладана е Брегалница. „Зелените“ по четврти пат се финалисти, во завршниот меч ги чека Шкендија.

НОВ ОБИД ПО ДЕКАДА И ПОЛ
Далечна е сега веќе онаа 2001 година и оној 24. мај. тогаш Пелистер последен и засега единствен пат се радуваше на трофеј во самостојна Македонија. Финалето од купот, одиграно во Скопје, на тогаш градскиот стадион. Триумф над Слога Југомагнат со 1:2. Чаирчани поведоа, возвратија битолските легенди во „зелено“ Ванчо Мицевски и Митко Стојковски. Сега по цели шеснаесет
Пелистер повторно ќе има шанса да се бори за трофеј. Интересно и во таа 2001 година Пелистер за противник го имал тимот на Шкендија како и сега во финалето, само што тогаш двата тима се сретнале во почетната фаза. Битолчани победија со 0:1, со голот на Сашо Здравевски. Сега ете, патиштата на двата тима повторно се вкрстуваат, овојпат во далеку посериозен стадиум од националиот куп.

СЕ Е ПОДРУГО НА ТУМБЕ КАФЕ
Пелистер конечно победи, а тоа го стори на сопствеиот стадион. Тоа значи дека на битолчани очигледно им беше потребен единствено домашниот терен за да ја оствараат таа толку посакувана победа по цели шест меча. Имаа проблеми но, ете како што самиот Шенсои кажа сега во Битола се е полесно. Тој најавува далеку подобри денови на резултатски план.
„Сега кога се вративме дома, сите ќе се уверат во силата на Пелистер. Ќе видат еден нов Пелистер„ - порача Шенсои.

* Поопширно во денешното издание на „Македонски спорт“.



Датум: 21.04.2017, 10:18
Статијата е прочитана 4129 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense