| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

29.01.2018

Коњаспор утре ќе го промовира Јаховиќ

Сите детали се веќе договорени. Јаховиќ утре ќе стави потпис на договорот на 2.5 години со Коњаспор тим кој што сака со Македонецот да обезбеди опстанок во најдобрата Лига во Турција

Готово е! Адис Јаховиќ ќе биде нов член на Коњаспор. Промоцијата ќе се случи утре, а договорот ќе биде за следните 2.5 години. Со тоа Јаховиќ става крај на сите шпекулации кои што кружеа околу него, а беа во игра и турските гиганти. Меѓутоа Коњаспор знаеше што сака, беше конкретен и успеа да го прибере во своите редови.

Јаховиќ во новиот клуб ќе има далеку подобри финансиски услови од оние во Гезтепе. Неговиот договор истекуваше на лето, иако имаше опција да продолжи, сепак, во последен миг тимот од Измир се реши да го продаде во друг клуб.

Јаховиќ сезонава се бори да биде најдобар стрелец во Лигата на Турција, а сега ќе му требаат голови за да избори опстанок со својата нова екипа која во моментов се наоѓа на претпоследното место, но со реални шанси да го обезбеди учевството во Супер Лигата и наредната година.



Датум: 29.01.2018, 19:34
Статијата е прочитана 917 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense