| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.08.2017

Скендербег го добива Бесарт Ибраими за 300.000 евра!

Како што дознаваме, албанскиот тим деновиве ќе биде засилен со најдобриот стрелец во македонскиот шампионат за изминатата сезона

Бесарт Ибраими е пред промоција во албанскиот тим Скендербег. Како што дознава „Македонски спорт“, двете страни се веќе договорени, и само детали го делат од потпис најдобриот стрелец на Шкендија од трансфер во западниот сосед.

Отштетата која што Шкендија треба да ја добие изнесува 300.000 евра. Скендербег сака да направи тим за настапите во групите од Лигата на Европа во кои обезбеди пласман по елиминацијата на Динамо Загреб.

За Ибраими имаше интерес и од други клубови, меѓутоа се чини дека Скендербег е најконкретен и наскоро ќе го промовира голгетерот на Шкендија во свој нов член.



Датум: 28.08.2017, 00:16
Статијата е прочитана 7313 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense