| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.12.2017

Стојанов: Вардар е квалитет, а ние одигравме добро

Тренерот на Академија Пандев задоволен од играта на неговите избраници и покрај поразот против Вардар

Може да жали Академија Пандев што загуби денеска на Арената Филип Втори против Вардар со 3:1, но може да биде горда на тоа како одигра против актуелниот шампион.
„Најпрво честитки за вардар за победата. Залслуѓено во секој случај. Ни се случи истата грешка која ја направивме со сите екипи кои игравме, а кое се а речеме поквалитетни на хартија. Влеговме со преголем респект, а птооа во вториот дел се консолидиравме. Прикажавме добра игра, создадовме некои шанси, но на крајот преовлада индивидуалниот квалитет на противникот. Мора да го истакна и нашето неискуство, осум играчи имаме кои се под 21. година дел од нив прв пат играат на Арената Филип Втори. Тоа секако беше една од причините за таквото прво поливреме, но на паузата се договоривме дека ќе продолжиме поинаку дека и самите играчи видоа дека може да се игра против Вардар. Не застана Вардар во продолжението, туку ние го притиснавме противникот на неговата половина. Сепак, Варадр е Вардар и го покажа целиот свој квалитет“ - изјави Панче Стојанов.



Датум: 10.12.2017, 15:15
Статијата е прочитана 612 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense