| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.05.2017

ФОТО: Кога Митко го подигна пехарот, Филип се радуваше

Митко Стојковски и Филип Миленковски, двајцата капитени кои го имаат подигнато Куп трофејот на иста фотографија

Фотографијата е од 2001 година од тогашниот Градски стадион во Скопје каде што Пелистер го славеше својот прв освоен Куп пехар. Тој заврши во рацете на тогашниот капитен Митко Стојковски, а едно дете покрај него се радуваше на овој успех. Станува збор за Филип Миленковски кој што 16 години подоцна ја имаше таа среќа да се најде во улогата на неговиот тогашен идол.

Вчера Миленковски како капитен на Пелистер го предводеше тимот до вториот Куп трофеј

Кога пред 16 години Митко го подигнуваше пехарот, Филип се радуваше. Сега е обратно. Митко одамна веќе не игра фудбал, меѓутоа сигурно дека се радува на овој успех на неговиот Пелистер, кога Филип, пак, синоќа го подигна Куп трофејот.



Датум: 18.05.2017, 10:42
Статијата е прочитана 10944 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense