| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.05.2017

Ибраими во ложата на Олимпија

Дали Агим Ибраими е пред трансфер во Олимпија? Имено нашиот репрезентативен напаѓач во саботата бил во ВИП ложата на „змајчеки“ каде во друштво на својот менаџер Жељко Бубало, го проследил натпреварот меѓу Олимпија и Домжалеж

Медиумите во Словенија веднаш почнаа со шпекулации дека Ибраими наводно имал средба и со првиот човек на клубот Милан Мандариќ, и дека на тој состанок станало збор за евентуален трансфер во таборот на тамошниот шампион кој ова сезона ќе заврши на второто место веднаш зад Марибор. Кога сме кај Марибор да споменеме дека дел од својата кариера Агим Ибраими ја мина токму во тој клуб. Инаку нашиот напаѓач и натаму е „врзан“ со договор со тимот на Астана од Казахстан.



Датум: 18.05.2017, 13:04
Статијата е прочитана 2242 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense