| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.10.2017

Со 11 бодови, трет најдобар резултат во квалификациите за Македонија

*Иако завршивме како петти во „Г“ групата, овие квалификации ќе се паметат и по нешто друго

Македонија со вчерашната победа над Лихтенштајн од 4:0 квалификациите за СП во Русија 2018 година ги заврши со три победи, две ремија и пет порази, со гол разлика 15:15 и со освоени 11 бодови. И покрај овие бројки завршивме на петтото место на табелата. Но ако се погледнат наназад сите досегашни 12 квалификациски циклуси ќе се види, во поглед на освоените бодови, дека ова е трет резултат во историјата. Најмногу сме имале, 14 бодови, во квалификациите за ЕП 2008 година, а 13 бодови сме собрале во квалификациите за СП 1998 година. Се разбира дека во некои циклуси сме биле во групи со по пет, шест и повеќе или помалку репрезентации. Може секој да каже било што, но во овие квалификации под водство на селекторот Игор Ангеловски одигравме навистина повеќе квалитетни натпревари и со малку повеќе среќа овој овој циклус за нас ќе беше историски најуспешен. Само да се потсетиме како во последната минути загубивме кај Албанија на гости, како во 90.минута против Израел дома не реализиравме пенал, како тоа со Италија дома во 94.минута изгубивме бод и на крај како во Струмица ја надигравме Албанија и имавме 5-6 зицери а дојдовме само до 1:1. Значи реално можевме да имаме барем уште најмалку 3-4 бодови и ќе бевме трети со освоени 15 бодови. Штета, навистина штета. Сепак оваа селекцијата со Пандев, со повратникот Адеми и со уште плејада други квалитетни наши фудбалери, на следните квалификации за ЕП има што да се каже, има квалитет да се бори за тоа трето место кое води во баражот.

1996: Квалификации за ЕП – 7 бодови
1998: Квалификации за СП – 13 бодови
2000: Квалификации за ЕП – 8 бодови
2002: Квалификации за СП – 7 бодови
2004: Квалификации за ЕП – 6 бодови
2006: Квалификации за СП – 9 бодови
2008: Квалификации за ЕП – 14 бодови
2010: Квалификации за СП – 7 бодови
2012: Квалификации за ЕП – 8 бодови
2014: Квалификации за СП – 7 бодови
2016: Квалификации за ЕП – 4 бодови
2018: Квалификации за СП – 11 бодови
 


 



Датум: 10.10.2017, 14:41
Статијата е прочитана 1146 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense