| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.06.2017

ОФИЦИЈАЛНО: Муслиу три сезони во Вардар

„Среќен сум што сум дел од Вардар. Тука дојдов да освојувам титули и да играм во Лигата на шампионите“ изјави младинскиот репрезентативец на промоцијата

Висар Муслиу и официјално е нов играч на Вардар. Како што најави „Македонски спорт“ младинскиот репрезентативец од Ренова ги засили редовите на „црвено-црните“ со кои потпиша тригодишен договор.

„Многу сум среќен што ќе бидам дел од Вардар. Дојдов тука да освојувам титули и да играм во Лигата на шампионите. Јас ќе дадам се од себе да се наметнам, да ја оправдам довербата на стручниот штаб и на раководството на клубот. Се надевам дека со добри игри ќе придонесам тимот да освојува уште шампионски и Куп пехари, и да бележи успеси во Европа. Познавам многумина играчи во Вардар, ми кажаа многу убави зборови за клубот, дека се работи на максимално професионално ниво и дека од година во година амбициите се сè поголеми. Се радувам на овој предизвик, и сега на мене е со напорна работа да се докажувам и да напредувам во овој клуб“, изјави Муслиу.

Дефанзивецот ќе биде дел од младинската репрезентација на Македонија која ќе настапува на Европското првенство во Полска.



Датум: 03.06.2017, 12:08
Статијата е прочитана 7081 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense