| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.11.2017

Османи не смета на Абдурахими!

Напаѓачот како да не е во плановите на стратегот на Шкендија

Дали Бесарт Абдурахими е првиот од Шкендија кој во зимскиот преоден рок ќе мора да си замине од клубот? Се разбира дека е рано да се зборува за такво нешто. Имено, сѐ уште треба да се одигра последниот меч со Пелистер, и јасно е дека некои работи може да се сменат, но ајде да ги погледнеме фактите. Некогашниот репрезентативен напаѓач и еден од најдобрите наши фудбалери дојде во Шкендија во февруари оваа година, и тоа како големо, огромно засилување. Значи мина една година во редовите на тетовските „црвено-црни“, доби шанса да покаже што знае, но, сепак, не успеа да се наметне како стандарден член во првиот состав на тетовци. Уште повеќе, во последните неколку кола, Абдурахими не успеа да се наметне кај стратегот Ќатип Османи ни меѓу оние 18-мина играчи кои се во конкуренција за настап на еден натпревар. Така беше и на саботниот дуел со Ренова. Сите ја славеа есенската титула, но Бесарт го немаше никаде. Се разбира дека кога дојде Абдурахими во Шкендија, тренер беше Томас Брдариќ, потоа и Јетон Беќири. И тие премногу не сметаа на неговите услуги, но кога дојде Османи во клубот и особено кога на негово инсистирање беше доведен Изаир Емини, тогаш работите беа многу појасни. Барем за оние што ги знаат приликите во Шкендија.



Датум: 28.11.2017, 14:03
Статијата е прочитана 3462 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense