| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.12.2017

Груевски: За ФК Пелистер одлучуваат акционерите

Општина Битола вели дека тоа што е нејзина обврска кон ФК Пелистер дека е подмиерно. Останато е на акционерите кои мора да одлучат што со клубот понатаму


По неколкудневно исчекување, конечно денеска на официјална прес конференција, оптшина Битола, односно претседателот на советот, Валентин Груевски и се обрати на јавноста и даде појазнување околу она што се вели, спорт и обврски на општината во следниот период на оваа тема. Покрај се останато, Груевски се задржа и на ситуацијката во ФК Пелистер која не е ни малку едноставна.

Ја разбираме загриженоста на фудбалските вљубеници за сегашната сосотојба во фудбалскиот клуб, но на спортската јавност мора да и се јасни неколку факти. Општина Битола е само 25% акционер и за 2017 си ги има подмирено сите обврски. Според нашите сознанија клубот во овој момент должи околу 215.000 евра. Заведен е и судски спор со кој мнозинските акционери од Општината побаруваат 100.000 евра пари кои никако не можеме да ги исплатиме по никоја основа се додека не заврши судскиот спор. До мнозинските акционери имаме две официјални понуди. Не е добро клубот да се остави во оваа состојба и им порачуваме до крај да ја завршат сезоната па после тоа да ги остават акциите. Ако тоа не го сакаат нека ги расчистат сите долгови и нека ни го вратат клубот. Доколу тоа го направат и го остават клубот со чисти сметки спремни сме да го преземиме раководењето и финансирањето на фудбалскиот клуб.“ - изјави Груевски па додаде.

Немаме намера клубот да го изпаѓаме во втора лига, да го уништуваме, сакаме само да го преземиме со чисти сметки. Битола има и сила и фудбалски луѓе и навивачи кои сакаат и ќе му помогнат на клубот. Подготвени сме да обезбедиме и финансии и стручност клубот да продолжи да се натпреварува. Знаеме дека постои огромна нервоза кај љубителите на фудбалот за заминувањето на одредени фудбалери но Битола не може и нема да плаќа играчи кои имале договори од 4.000 евра месечна плата.

Ние такви пари немаме. Чиста сметка без долгови, за судскиот процес нема да коментираме и ние ќе го преземиме управувањето на фудбалскиот клуб. Би сакале должничко-доверителските односи да ги расчистиме што е можно побргу, за да ги назначиме новите луѓе и да почнеме со подготовка заа новата сезона која нема да биде нималку лесна, а на крајот од обраќањето со порака: ’На крај Чкембарите. Ја сакаме и ја очекуваме нивната подршка во секој поглед. Ние ќе се одолжиме со чесно работење и со максимална подршка кон новните миленици’“ - кажа Груевски.


 



Датум: 20.12.2017, 16:01
Статијата е прочитана 3772 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense