| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.01.2018

Навивачите го кренаа гласот за ФК Тетекс

Симпатизерите на Тетекс, оние најверните кои се секогаш со клубот решија јавно да проговорат околу моменталната ситуација во Тетекс и неколкуте отворени прашања на кои се чека одговор

Во прв ред тоа е сопственичкиот пакет акции кои не му се предаваат на субјектот кој има желба да го финансира Тетекс и од тој проблем следуваат и останатите. Соопштението на навивачите на Тетекс прочитајте го во целост:

Фудбалскиот клуб Тетекс во својата богата клупска историја за жал со години се наоѓаа во финасиска криза. Иако не е толку црно како во минатото, но според нашите информации, Тетекс има сеуште проблеми со акциите.
Нашиот клуб не функцунира како што треба, бидејќи главниот акционер “месец дена” е во преговори со човекот кој искрено го сака клубот и изрази желба да биде новиот газда во иднина, а не само спонзор.
Организациските проблеми, односно раководствените, со кои се соочува клубот намерно не се споменати, бидејќи нив ги имаше и минатата сезона.
Сепак, се надевавме дека тие ќе бидат решени во зимската пауза и на чело на клубот ќе застане човекот кој несебично му помагаше на Тетекс во изминативе неколку месеци (заедно со уште неколку доброволни луѓе кои финансиски го помагаат клубот).
Поради нерешените проблеми сеуште не се започнати припремите за пролетниот дел од сезоната, на играчите ниту им се имаат јавено да ги запознаа со ситуацијата во клубот, очигледно е дека аматерски се работи во Тетекс.
Неколку играчи најавуваат доколку никој не ги контактира ќе го напуштат Тетекс.
Се надеваме дека со оваа соопшение ќе разбудиме некој луѓе во Тетекс да превземаат мерки и да ги решат долгорочните проблеми еднаш засекогаш, бидејќи за нас Тетекс е нешто свето и клуб со кој секој Македонец во Тетово се иденфикува.


Со почит,
Напред Тетекс

 



Датум: 16.01.2018, 17:45
Статијата е прочитана 2268 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense