| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

12.08.2017

„Романтиката“ против „гипсот“


Попладнево во Ѓорче, со почеток од 17 часот, Работнички игра со Ренова

Виктор Треневски против Влатко Костов, или Работнички против Ренова. Тоа е дуелот од првото коло кој исто така побудува интерес во домашната фудбалска јавност. Денеска значи ќе имаме уште еден скопско – тетовски дуел, по оној под Шара каде играат Шкендија и Вардар. Инаку последните три меча меѓу Работнички и Ренова завршиле без победник.
„Подготвени сме за добар натпревар. Ренова е силен тим но ние посакуваме да освоиме стартни три бода“ вели Себастијан Херера, левиот бек на Работнички.
И „гипсарите“ веруваат дека може да освојат бод(ови) на денешниот меч...
„Штета што не се игра на Арената. И ние и Работнички имаме таков профил на играчи кој бара добри терени. Но што е тука е. Не очекува интересен и неизвесен натпревар, мислам дека можеме во најмала рака да дојдеме до бод“ потенцираше Меџит Незири, дефанзивецот на Ренова.



Датум: 12.08.2017, 12:39
Статијата е прочитана 420 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
11.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense