| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.06.2017

Нухиу, Зендели, Бајрами и Адем, продолжуваат со Шкупи

Тренерот и тројцата искусни играчи и во наредниот период ќе бидат членови на тимот од Чаир

Новиот претседател на Шкупи Омер Буњаку, амбициозно започна да ја врши својата работа. Откако по успешниот настап на тимот во баражот со Новаци, по што чаирчани се изборија за опстанок во елитната лига, денеска беше објавено дека клубот ги продолжил договорите со својот тренер Ардијан Нухиу и тројцата искусни фудбалери.

А тоа се голманот и капитен Суад Зендели, потоа Муарем Бајрами и Ермедин Адем. Сите тие и во наредната сезона во Првата лига ќе бидат дел од Шкупи.



Датум: 10.06.2017, 14:28
Статијата е прочитана 1995 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense