| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.03.2017

Попов: Не ми се верува дека играме пред ваква публика!

Горан Попов на дуелот со Македонија ЃП го имаше 50. настап во дресот на Вардар, во кој постигна и гол, меѓутоа е лут на малубројната публиката.

„Среќен сум што на 50. настап на официјалните натпревари постигнав гол. Сепак, сум лут на публиката. Имаше на трибината неколку кои што ме колнеа и велеа да даде Господ да ги скршам двете нозе и многу се изнервирав. Јас со ништо не ги испровоцирав, на еден обичен првенствен натпревар. Во мојата кариера јас ваква публика како што е во Македонија немам видено и се надевам дека нешто ќе се смени во иднина, затоа што такви клетви не се трпат повеќе. Наместо да дојдат и да уживаат во фудбалот, тие доаѓаат само да пцујат и да колнат. Не ми се верува!“, рече Попов по натпреварот.



Датум: 21.03.2017, 21:20
Статијата е прочитана 8433 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense