| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.08.2017

Перфектен старт на Силекс со Тасевски

Со головите на Георгиев, Тимов и Алексовски, Силекс со 3:0 успеа да ја победи Ренова среде Тетово

Одличен старт на Силекс предводен од Жикица Тасевски во новата сезона. Втор меч, втора победа со шест бода и гол разлика 4:0. Кратовци не се шегуваат, предмалку среде Тетово со 3:0 ја совладаа фаворизираната Ренова. Во 29.минута гостите преку Георгиев поведоа со 1:0, шест минути подоцна веќе беше 2:0, а стрелец беше Тимов. Со тој резултат се замина на полувреме. Во 75 минута по киксот на Кобетиќ, го спаси стативата од смешен гол голманот на Ренова, за малку ќе беше 3:0. Сепак со тој резултат заврши  овој меч откако во последните мигови Алексовски ги постави конечните 3:0, за голема и заслужена победа на Силекс.



Датум: 19.08.2017, 19:03
Статијата е прочитана 1187 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense