| контакт | маркетинг

16.07.2017


Хамилтон славеше на Силверстоун

Британецот доминантен на домашно тло, Ферари имаа трка за заборав

Британскиот возач во болидот на Мерцедес Луис Хамилтон победи на трката за Големата награда на Велика Британија. Хамилтон на својата омилена патека имаше одличен старт и не му дозволи на Кими Рајконен да го загрози на првото место. Како што одминуваше трката така Британецот го засилуваше темпото и беше јасно дека нема да ја испушти лидерската позиција освен ако не се случи нешто непредвидливо.
Од друга страна, Ферари имаше несреќа пред самиот крај на трката. Кими Рајконен цело време беше втор, а Фетел четврти. На крајот Кими заврши трет, а Фетел дури на седмото место бидејќи и двајцата имаа проблеми со предниот лев пневматик. Сега Фетел има само еден бод предност во однос на Хамилтон во генералниот пласман, а трет е Ботас.



Датум: 16.07.2017, 15:47
Статијата е прочитана 659 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense