| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.06.2017

Нестор станува најскап Македонец


„Виолетовите“ од Фиренца му плаќаат отштета на Палермо од цели 8 милиони евра, со што Илија Несторовски ќе биде најскапиот македонски фудбалер и спортист воопшто во историјата на нашата земја


Македонија за ден-два, веројатно, ќе го добие својот најскап фудбалер и спортист воошто во својата историја. А тоа е Илија Несторовски, нашиот репрезнетативен шпиц и „бомбардер“ на тимот од Сицилија, за кого Фиорентина е подготвена да му плати на Палермо сума од цели 8.000.000 евра


Пред Пандев, Панчев...

Ако се остварат овие најави, а се на добар пат да се остварат, тогаш Илија Несторовски ќе се најде на листата пред Горан Пандев и пред Дарко Панчев. Да потсетиме дека кога премина Пандев од Интер во Наполи, наполитанците исплатија сума од цели 7 милиони евра за обесштетување. Додека Интер, за услугите на Панчев, ѝ плати на Ц. звезда 10 милиони марки или 5 милиони евра во далечната 1992 година. Тоа се тие суми што ѝ се познати на јавноста. Да не зборуваме за останатите спортисти, пред сѐ за кошаркарите и за ракометарите, кои можат само да сонуваат да дојдат до овие суми, односно некои клубови да платат толкави пари за отшетата.


(Фотомонтажа)



Датум: 23.06.2017, 10:29
Статијата е прочитана 16644 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense