| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.08.2017

Стартуваа двете Втори лиги

Втората лига, која од оваа сезона е во две групи (Исток и Запад), започна со натпреварувањето со девет меча, во кое најголемо изненадување направи Велазерими со победа кај Македонија ЃП

Само Брегалница и Велазерими славеа на гостински терен, а Борец освоид еден бод, со дури 6 домашни победи
Брегалница со 3:1 го победи Хоризонт Турново во меч на некогашните прволигаши и најави дека сака брз кам-бек. Борец одигра 0:0 на гости против Победа Валандово, а на Истокот домашни победи славеа Плачковица со Саса со 2:1 и Осогово со Кожуф со 1:0.
Велазерими ја изненадија Македонија во Ѓорче Петров и слеваше со 2:0, а на останатите 4 дуели славеа домашните екипи. Струга Трим Лум во дебито со 2:0 го надигра вториот дебитант Лабуништа, Гостивар со 1:0 ја победи Локомотива, а Тетекс со 3:2 беше подобар од Зајази. Новаци со 2:0 триумфираше против Еуромилк на стартот од натреварите во Западната Втора лига.

ВТОРА ЛИГА, ИСТОК
Хоризонт - Брегалница 1:3
Победа (В) - Борец 0:0
Плачковица - Саса 2:1
Осогово - Кожуф 1:0
ВТОРА ЛИГА, ЗАПАД
Македонија ЃП - Велазерими 0:2
Струга Трим Лум - Лабуништа 2:0
Гостивар - Локомотива 1:0
Тетекс - Зајази 3:2
Новаци - Еуромилк 2:0



Датум: 27.08.2017, 19:17
Статијата е прочитана 2504 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense