| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.09.2017

Србија, Белорусија и Белгија на „менито“ за девојките

*Женската фудбалска репрезентација до 17 години ги доби противниците во квалификациите за Европското првенство во 2018 година

Македонската женска репрезентација до 17 години ќе игра на квалификациски турнир во Србија за пласман на Европското првенство што ќе се одржи во Литванија, во 2018 година. Ждрепката одлучи нашите девојки, освен со домаќинот Србија, да бидат во група и со селекциите на Белорусија и на Белгија. Натпреварите ќе се играат во периодот од 23 до 29 септември. Првите две репрезентации во секоја од 11-те групи ќе обезбедат пласман во елитната рунда, како и третопласираната репрезентација со најдобар ефект против двете првопласирани во својата група.



Датум: 20.09.2017, 11:06
Статијата е прочитана 276 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense